Жените се најчестите жртви на семејното насилство,покажуваат статистиките не полицијата. Периодов, зачестија кривични пријави против насилниците во семејствата кои најчесто ги тепаат своите сопруги и го малтретираат целото семејство. Денеска, охридската полиција излезе со нова кривична пријава против насилник од Лешани кој ја претепал сопругата.
Според полициското соопштение, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М (35) од селото Лешани.
-Пријавениот,казненото дело го сторил во семејната куќа во селото Лешани. Тој започнал жестока расправија со неговата сопруга Г.М.(29), упатувајќи и низа навредливи зборови и пцовки а потоа применил и физичка сила кон неа, удирајќи ја со ноsе и тупаници по целото тело. Од силината на ударите, оштетената Г.М. побарала медицинска помош по што била пренесена во Општата болница во Охрид, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.