Задутре, во посета на Македонија доаѓа Вес Мичел.
Помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, во четврток ќе допатува во Македонија. Според најавената агенда тој ќе оствари средби со македонскиот премиер, Зоран Заев и со други официјални претставници во земјава. Како што соопшти Стејт департментот, неговото доаѓање е поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и на престојниот референдум на 30 септември.
