Нови 14 дена вонредна состојба

Продолжува вонредната состојба во земјава.

Претседателот Стево Пендаровски, по седницата на Советот за безбедност истакна дека вонредната состојба ќе се продолжи во следните 14 дена.
Одлуката за новите 14 денови е продолжена исклучиво со намера да и се дозволи на Владата подобро да се борат со здравствените и социекономски предизвици и тоа нема никаква врска со датумот за одржување на изборите, рече Пендаровски.
Пендаровски им се заблагодари на граѓаните бидејќи ги почитуваат препораките во изминатите три месеци, но, посочи дека не смееме да се опуштиме.
Ние оваа битка сигурно ќе ја добиеме, но морамае да останаме совесни и одговорни до самиот крај, рече Пендаровски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани