Нови детали за Алипашината џамија

Во понеделник Здружението на граѓани за заштита и промоција на културни вредности “СОВЕСТ“ од Охрид, закажа  прес конференција, на која ќе бидат презентирани нови моменти околу незаконските градежни работи на Али Пашината џамија во центарот на Охрид.

 

Реконстукцијата на цамијата во Охрид повеќе месеци беше главна тема во јавноста. Вусушност најголемо негодување предизвика 33 метарското минаре кое предвидено да се гради. Џамијата ќе биде највисокиот објект во градската чаршија. 

Според надлежните џамијата се реконструира и се враќа првобитниот лик на заштитеното споменично добро. 

-„Се изработи елаборат за револаризација, кој беше прегледан од комисија и врз основа на тоа се донесе ново решение за прогласување на поединечно споменично добро. Во решението стои дека на објектот треба да се извршат истражувачки работи и врз основа на тие истражувачки работи, објектот да се врати во првобитната состојба како што бил некогаш. На овој објект, во изминатите години се правени неколку зафати и тие беа несоодветни за самата џамија“, изјави во мај годинава тогашната директорка на Завод и музеј Охрид Тања Паскали Бунташеска.

Паскали своевремено појасни  дека минарето било  урнато меѓу 1912 и 1918 година и никогаш до денес не е обновено. Според кажувањата на постарите жители, минарето со својата височина и елегантност доминирало во Охридската чаршија. Градено било со тула.

За здружението „Совест“  во реконструкцијата на џамијата има низа неправилности кои ќе ги обелоденат во јавноста. 

Целиот проект се реализира со средства на Генералната дирекција на вакуфи на Владата на Турција.

Од ИВЗ најавуваат дека по пуштањето во употреба, џамијата и целиот комплекс ќе бидат отворени не само за граѓаните на Охрид, туку и за посета на сите домашни и странски туристи што ќе го посетат градот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани