Учениците од „Григор“ на работилница против болести на зависност

Црвен крст на Република Македонија во месец Ноември 2017 според календарот на активности ги одбележува болестите на зависност на алхохол, пушење и психоактивни супстанци.

Денес во поголемиот дел од светот исто така и кај нас, злоупотребата на дрогите, алхохолот и пушењето се во пораст и нивните општи и специфични карактеристики се условени од одделни општествени културни економски социјални и географски можности.

Учениците од осмите одделенија од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид зедоа учество на работилницата која беше проследена со големо внимание и која успешно се реализира.
Болестите на зависност остануваат актуелен проблем како од медицинска, социјална така и од општествена гледна точка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани