Нови-„тазе“ цени на горивата во Македонија

Од денеска на сила се новите цени на горивата.

Согласно Методологијата за формирање на цените, малопродажните цени на нафтените деривати од денеска се намалуваат во просек за 1,21%.Како што информираат од Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 68,00 ден/лит.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се променува, односно остануваат на иста како што била утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/литар со што, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,00 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,807 ден/кг и ќе изнесува 29,099 ден/кг.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани