Општина Вевчани доби ново специјално возило за собирање и транспорт на комунален отпад, со што продолжуваат инвестициите во модернизација на јавното комунално претпријатие.
Како што информира градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, возилото е набавено во рамките на регионалниот проект за управување со цврст отпад, кој се реализира со поддршка на ЕвропскатНово специјално возило за комунален отпад набавено за Вевчаниа банка за обнова и развој и има за цел воспоставување функционален регионален систем за управување со отпад.
Набавката е реализирана преку Министерството за животна средина, а новото возило ќе придонесе за поефикасно собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на општината.
Од локалната самоуправа истакнуваат дека модернизацијата на комуналните услуги останува еден од приоритетите, со цел подобрување на квалитетот на услугите и заштита на животната средина.
