Новогодишен ручек со ранливите категории

Во пресрет на Новогодишните празници, традиционално, Општина Охрид во соработка со Црвен крст од Охрид организираат ручек за децата од социјално ранливите категории.

Средбата беше организирана во ресторанот на ОУТУ „Ванчо Питошески“, а на присутните деца Дедо Мраз им подари пакетчиња.

Градоначалникот Стојаноски, во името на Локалната самоуправа на сите присутни им посака среќни празнични денови и многу здравје во новата 2018 година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани