Објавен јавниот повик за субвенции за клима уреди

Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 год. за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2025 година а со цел стимулирање на жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на економични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, уреди за затоплување на своите домови објавува ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплувањеинвертер клима уред за 2025 година

Предмет на Јавниот повик Предмет на јавниот повик е субвенционирање на граѓаните, жители на општина Охрид за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред преку надоместување на дел од трошоците направени при набавка и монтажа на уредите. Вкупната вредност за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клими изнесува 2.000.000,оо денари од кои 1.000.000,оо денари (50% од средствата) се предвидени за домаќинства кои имаат лице со попреченост, самохрани родители , згрижувачки семејства и семејства кај кои вкупниот месечен приход не надминува 2 минимални плати, а додека за останатите домаќинства се предвидени останатите 50 % односно 1.000.000,оо денари. Во вкупниот износ на предвидени средства е вклучен и персоналниот данок на доход. Персоналниот данок на доход е на товар на општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани