Се асфалтира патот кон село Куратица

Во тек се градежни активности за асфалтирање на локалниот пат до село Куратица, со вкупна површина од 6200 м2, просечна должина од 1200 метри и ширина од 5 метри.
Овој инфраструктурен проект се реализира со средства обезбедени преку Јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Министерството за локална самоуправа.
Општина Охрид останува посветена на подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во сите населени места, информираат од општината.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани