ВИДЕО: Најмладите го одбележуваат Денот на шегата

Најмладите го одбележаа Денот на шегата.  Маскирани во принцези, медицински сестри,, супер херои, волшебници, пирати, каубојци, буба мари и други инспиративни и  креативни идеи учениците од централното ОУ „Григор Прличев“ во Охрид не ја пропуштија забавата.

Годинава,  изостана традиционалната  масовна  Првоаприлската парада, музика и забава на градскиот плоштад, но Денот се одбележа во училница.

Децата се учат како да се шегуваат, хуморот треба да биде дел од секојдневнието, но шегите треба да бидат пристојни и да не навредуваат.

Денот на шегата секоја година се слави во најразлични земји од целиот свет.. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги. Неговото потекло е доста несигурно. Некои го гледаат како прослава на промената на сезоната, односно на испраќањето на зимата и пречекувањето на пролетта.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани