Објавена ранг листата на добитници на стипендии за ученици со ретки болести во Охрид

Општина Охрид ја објави ранг листата на добитници на стипендии за учениците од основните и средните училишта за учебната 2025/2026 година.

Комисијата формирана за постапување по конкурсот, по разгледување, анализа и селектирање на сите пристигнати пријави, извршила рангирање на кандидатите и до градоначалникот доставила предлог-листа на добитници на стипендии.

Ранг листите се изготвени врз основа на конкурсите објавени на 27 јануари 2026 година за доделување стипендии на ученици од основните и средните училишта во општина Охрид.

На објавените листи се наоѓаат учениците кои ги исполниле условите предвидени во конкурсот и кои, според утврдените критериуми, се рангирани како добитници на општинска стипендија за тековната учебна година.

Комплетната ранг листа со имињата на добитниците може да се погледне на официјалната веб-страница на Општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани