Општина Охрид ги објави конкурсите за доделување стипендии за уечниците во основните и средните училишта.
Општина Охрид за учебната 2024/2025 година ќе додели стипендии на
ученици од основните училишта во општина Охрид и тоа:
• стипендии за талентирани ученици од IV, V, VI, VII,VIII и IХ одделение од
основни училишта во општина Охрид;
• стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови – (ученици
кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран
родител/старател, од семејства кои остваруваат ниски месечни примања
или пак се социјални случаи (приматели на еднократна или постојана
парична помош) од VI, VII,VIII и IХ одделение од општинските основни
училишта;
Висината на стипендијата ќе изнесува 2.000,00 денари месечно за 9 (девет)
месеци, во текот на учебната 2024/2025 година.
За стипендии за средните училишта:
Општина Охрид за учебната 2024/2025 година ќе додели стипендии на
ученици од средни училишта и тоа:
• стипендии за талентирани ученици од I, II, III и IV година од средните
училишта во општина Охрид;
• стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови – (ученици
кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран
родител – старател, од семејства кои остваруваат ниски месечни примања
или пак се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана
парична помош) од I, II,III и IV година од средни училишта;
Висината на стипендијата ќе изнесува 2.000,00 денари месечно за 9 (девет)
месеци во текот на учебната 2024/2025 година.
