Од Охрид за Базел сакала да лета со куршум во багажот

Повозрасна жителка на кичевското село Стрелци, сакала со куршум во рачниот багаж од охридскиот аеродром да лета за Базел. Таа е лишена од слоода.

Настанот се случил на 03.11.2017 година во 18.10 часот на излез од Р.Македонија со воздухопловот на една авио компанија за  Базел. За излез се пријавила да патува  К.З.(67) од с.Стрелци – Кичево, која патувала во придружба на нејзиниот син А.З.(44) од истото село.

-При извршена анализа на ренген снимката од рачниот багаж на К.З., пронајден е куршум од засега непознат калибар.Во 18,10 часот К.З. е лишена од слобода,  а куршумот е одземен со потврда за привремено одземени предмети, по што во 19,00 часот е предадена на инспектори од Регионалниот Центар -Запад  за понатамошна постапка, појасни Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани