Со 3000 вакцини против сезонски грип во понеделник зпочнува вакцинација во Охрид. Не само во епидемиолошките амбуланти, за прв пат имунизацја ќе се врши, по претходно закажување на термини во домашна посета и тоа бесплатно за граѓаните кои неможат да дојдат во Центарот за јавно здравје.
Вакцинацијата во домашни услови започнува од 30 октомври.
– „ Новина што центарот за здравје ќе ја вовде тоа е вакцинирање со мобилни екипи на ЦЈЗ во домови на лица постари од 65 години на оние кои се неподижни и на лица со телесен инвалидитет. И да ја подобриме ефикасноста на вакцинирањето но и да излеземе во пресрет на тие лица кои што имаат потреба да се вакцинираат а неможат да додјат во Центарот за јавно здравје,“,, информира Сашо Точков директор на ЦЈЗ.
Новина е и тоа што хумани граѓани купуваат вакцини за социјално загрозени лица на кои им е потребна имунизација. Вакцината е ефикасна, безбедна и препорачлива за сите луѓе.
– „Овогодинешната вакцина ги содржи сите потребни типови на антивируси кои што се потребни и се најчесто се појавуваат на оваа полутопка според испитувањата на Светската здравствена органзиација. Така што можат сите да бидат спокојни кои што ќе ја примат“, вели Точков.
Од центарот за јавно здравје најавуваат поголема едукативна кампања за превенција. Охриѓани покажуваат интерес за вакцинирање против сезонски грип, но најчесто хроничнo болните и лицата над 65 години.
Новинар Соња Рилковска