Поместување на часовникот за викенд Последниот викенд во март ќе почне и летното сметање на времето, па во ноќта помеѓу 24 и 25 март часовниците треба да се поместат за еден час напред.
Инаку на северната Земјина полутопка денес почна пролетта, 20 март. Ќе трае до 21 јуни кога почнува летото. Пролетта на северната полутопка во 2007 почна на 21 март во еден часот по полноќ. Тоа беше последен пат во овој век пролетта во Европа да почнува на денот кога децата уште во основно школо го учат како прв ден од пролетта. Од 2008 година тоа е веќе втор ден од пролетта, а во Америка од 2016-та година дури трет ден, со оглед на тоа дека ова годишно време на тој континент почнува на 19 март. Датумите на почетокот на годишните времиња варираат од година во година поради несовршеноста на календарот и елиптичноста на Земјината орбита околу Сонцето.
