Одбележана 78 годишнина од смртта на Кузман Јосифоски – Питу

На 25 февруари 2022 година во Струга,ОО на СБМ,пред голем број граѓани на Струга,ја одбележаа 78 годишнината од смртта на Кузман Јосифоски – Питу.

Делегацијата предводена од претседателот на ОО на СБМ-Струга ,Ајредин Мемеди положија цвеќе на бистата на Питу,која гордо стои поставена пред куќата на Владо Малески и спомен плочата во тесното сокаче на улица „Браќа Миладиновци“во Струга,на која е запишано.„Во оваа куќа на 23 септември 1941 година,во присуство на членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија,народниот херој Кузман Јосифоски – Питу се одржа конститивен состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и Струшко“.
Пред присутните,кои ги почитуваа мерките за заштита од корана вирусот Ковид 19,за животниот пат и слободарското дело на Кузман Јосифоски – Питу,од страна Ристе Миладин,единствениот пра-пра внук на Браќата Миладиновци, беше прочитан реферат.Во рефератот меѓу другото беше истакнато дека Питу имал голема верба во Струга и стружани,но и љубов за Струга.На неколку пати тој доаѓал во Струга,во строга илегалност и потоа им издавал задачи на МК на КПМ и СКОЈ.
Струга треба да е горда што низ нејзините сокаци минувал таков херој како што бил Питу.Затоа градот трба вечно да се сеќава на него и да го слави неговиот лик.Затоа,како што рекол:Борбата почна токму во Струга предводена од Димитар и Константин Миладинови.
Со смртта на Кузман Јосифоски – Питу,македонското револуционерно движење го изгуби еден од своите најистакнати револуционери,бестрашен борец и комунист раководител визионер трибун.
На денот,што за неговиот народ и неговата земја стана најсветол ден:Илинден,национален празник,посмртно и тој го доби најсветлото признание за својата исклучителна богата револуционерна дејност:на предлог на Маршалот Тито,Претседателството на АВНОЈ,меѓу првите во Македонија,Кузман Јосифоски – Питу го прогласи за народен херој на Југославија.
Беше тоа 2 август 1945 година.Само нешто повеќе од една година,од неговата прерана смрт кога,во тоа рано двасетипетто февруарско утро четириесет и четвртаата,на железничката линија во Козле,падна пронижан од злосторничкиот куршум.Смртта на Кузман значеше голема не надокнадива загуба за македонското револуционерно движење,на самиот праг на слободата,го загуби еден од своите најистакнати револуционери,бестрашен борец и раководител,визионер,народен трибун човек целосно оддаден на македонското дело.
Роден во Прилеп,15 јуни 1915 година.По завршувањето на гимназијата во Битола,студира на Правниот факултет во Белград каде е во раководството на напредната студенска младина.Учествува во организирањето на македонското студенско друштво „Вардар“,во кое пресудно влијание имаат студенските комунисти.
По окупациата од новото партиско раководство на Македонија е испратен во нејзиниот западен дел да го организира Народното ослободително движење.На овој терен успесите на Кузман се огромни.
Животот на Кузман Јосифоски – Питу згасна на 29 годишна возраст,на прагот од слободата,но неговото револуционерно дело остана да живее.Денес кога се одбележува седудесетиосмата годишнина од неговото убиство можеме само уште еднаш да повториме дека од тоа светло дело се воспитуваат многу генерации.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани