Поради изминати 90 дена од последното рочиште одново започна судскиот процес за Пендиков. Пред присутните сведочеше таткото на еден од обвинетите, кој кажа дека во нивното семејство никогаш немало национална омраза, напротив за време на потонувањето на бродот Илинден, лично учествувал во спасителната акција за што добил и орден од бугарската држава.
Одбраната предложи доказ да биде и видео изјава од Пендиков дадена за буграската ТВ на што се противеше обвинителство.
– Ако доволи судот да се репродуцира таа снимка ќе видите што изјавува за тој настан а што изјавува псоле неговото гледање на видео снимката што ја предложи обвинителката, вели Димитрија Цобоски адвокатот на обвинетите.

Пендиков и овој пат не беше во судница, тој по инциентот живее во Бугарија. За оштетената страна интервју за ТВ не е релевантен доказ.
-Таа снимка со право обвинителкста констаираше дека не е докажано дека е релевантна во смила дека е навистина од тој медиум , на кој датум.Кажувањата, излегувањата и гостувањата по медуми е нешто што не е релевантно, вели Стефан камишески адвокат на оштетениот.
Обвинитество ги товари обвинетите за тешка телесна повреда од омраза поради националната и етничката припадност, а тие и денес се изјаснија за невини.
Инцидентот со секретарот на сега затворениот бугарски клуб во Охрид се случи лани а 19 јануари . Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје.
Новинар Соња Рилковска
