На 28.03.2026 во Полициската станица Охрид, извршен е службен разговор со М.К.(58) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од Р.С.(48) од Охрид дека по претходно недоразбирање му упатувал закани.
Од М.К. со потврда биле одземени пушка „застава“ и дозвола за оружје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
