ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ги отвора вратите за идните средношколци

 Општинскиот електромашински училишен центар „Св. Наум Охридски“ – Охрид организира Отворен ден, на кој идните средношколци и нивните родители ќе имаат можност непосредно да се запознаат со условите за образование, современата опрема и практичната настава што се реализира во училиштето.

Настанот ќе се одржи на 22 мај (петок) во периодот од 10:00 до 16:00 часот, а посетителите ќе можат одблиску да ги разгледаат училишните кабинети, лаборатории и работилници, како и да се информираат за наставните програми и можностите што ги нуди училиштето.

Во текот на денот ќе бидат претставени сите образовни профили и струки што ги нуди ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, со посебен акцент на дуалното образование, кое се реализира преку соработка со партнерски компании. На тој начин учениците стекнуваат практични знаења и вештини директно во работна средина, што придонесува за нивна поголема конкурентност на пазарот на трудот.

Од училиштето ги повикуваат сите заинтересирани основци и нивните родители да го посетат настанот, да разговараат со наставниот кадар и учениците и да се информираат за можностите што ги нуди оваа образовна институција.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани