Непознат разбојник утрово извршил грабеж во ТТК банка во Струга.
Според првичните информации до кои дојде Охриднет маскиран разбојник со закани со пиштол одзел непозната сума на пари. Филијалата на банката се наоѓа на влезот од Струга веднаш после бензиската на „Макпетрол“. Филмскиот грабеж се случил среде бел ден.