Охрид центар на културата, се е подготвено за 64 то издание на Охридско лето

Се е подготвено за стартот на 64 то издание на најпрестижната музичко сценска манифестација во земјава Фестивалот Охридско лето. Свеченото отворање  годинава ќе го одбележи грандиозен концерт на светскиот виртуоз на виолина Џулијан Рахлин. Станува збор за еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти кој  ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација. Славниот виолинист и диригент ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.

– „Еден од најголемите виолинисти во светот и оценет како таков од целокупната музичка фела, Џулијан Раклин од Литванија, кој што ќе настапи и како солист и како диригент а ќе биде придружуван од нашата  филхармонија кои шт годинава слават 80  години јубилеј. Верувам дека ќе биде уште едно незаборавно, спектакуларно отворање на Античкиот театар“,   најави Поповиќ.

Уметничката  програма годинава на охридските сцени  ќе донесе 36 неповторливи доживувања од кои најголемиот дел од областа на класичната музика, шест театарски креации, и по една изложба и промоција на книга.  Сцените Антички театар, Долни Сарај црквата Света Софија, предворјето на црквата  се подготвени за бројната публика.

-„Секогаш има многу ументици Охридксо лето никогаш немало, можеби звучи нескормно но лоша и стандардна програма  и се трудиме да биде подобра и подобра. Како што кажа ќе имаме окол 800 ументици  од 24 земји ширум светот, се надевам дека публиката ќе ужива во целата прогрма што тимски ја избравме сите заедно и ги поканувам сите  љубители на класичната музика, џезот, театарот да додјат сите патишта нека водат во Охрид од 12 јули до 20 август“,  додава Поповиќ.

Во следните 40 денови свој белег ќе остават околу  800 уметници од земјава и зветот. Најреномираната манифестација со интернационален предзнак, дел од Европската асоцијација на фестивали во текот на четириесетте фестивалски вечери,ќе донесе совршен спој на музиката, теаатрот и воопшто на уметноста. Ќе настапат звучни имиња од светот на музиката, но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти.

 

 

Новинар Соња Рилквоска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани