Охрид домаќин на 18 та Конференција на КОСАП

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија од денеска до 5 јуни ќе биде домаќин на 18. состанок на Конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во Процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП, во рамките на македонското претседавање со Конференцијата.

Работниот дел, според најавата, ќе почне в сабота со официјално отворање од претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија Арбер Адеми, кој ќе претседава со конференцијата. На годинешната КОСАП конференција, која претставува форум за редовна размена на ставовите, кои се однесуваат на Процесот за стабилизација и асоцијација, стратегијата за зачленување во ЕУ на земјите од Процесот, како и на процесот за проширување на ЕУ, најавено било учество на делегациите на земјите од регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција и Косово.

Во рамките на двата панела како теми за дискусија се предвидени: Регионалната соработка на Западен Балкан од економски, политички и европски аспект и ИПА 3 – искуства, перспективи и можности. – Се очекува делегациите да ги разменат ставовите и мислењата за прашања во врска со евроинтегративните процеси во своите земји, како и за актуелните случувања во Регионот и пошироко, соопшти собраниската прес-служба. Конференцијата, како што е наведено, ќе биде отворена за јавноста треба да заврши со усвојување заедничка изјава и изјави за медиуми.

Извор Опсервер

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани