Охрид домаќин на седмата годишна истражувачка конференција на НБРМ

Во  Охрид ќе се одржи седмата истражувачка конференција на НБРМ.

Денес и утре  12 и 13 април, во Охрид,Народната банка на Република Македонија, ќе ја организира седмата годишна истражувачка конференција,  „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“.Конференцијата традиционално се одржува во знак на одбележување  на монетарното осамостојување на Република Македонија. На првиот конференциски ден ќе биде извршена презентација на истражувачки материјали од централните банки и академските институции, а вториот ден, на панел-дискусии за политиките на претставниците на високо ниво. Покрај гувернерот на НБРМ Димитар Богов, на конференцијата ќе учествуваат  и гувернерите на централните банки на Белгија Јан Сметс, на Хрватска Борис Вујичиќ, на Албанија Гент Сејко и на Косово Фехми Мехмети.На Конференцијата ќе учествуваат и претставници на повеќе централни банки од регионот, ЕУ и пошироко, како и од истакнати светски универзитети и меѓународни организации. Банките од Република Македонија и другите финансиски институции, како и државните институции, исто така ќе бидат присутни со свои претставници.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани