Охрид е во конкурсот на МВР за добивање лиценца за испитен центар

Министерството за внатрешни работи, објави јавен конкурс за избор на прани лица за добивање лиценца за испитни центри во Охрид, Куманово, Тетово и Штип.

Според условите објавени во конкурсот,минималниот број на испитни комисии за подрачјето на испитниот центар во Охрид, со испитно место во Охрид и подружници и испитни места во Струга, Кичево и Дебар изнесува најмалку две испитни комисии со пријавни места во Охрид, Кичево и Дебар.МВР конкурсот го објави врз основа на член 241 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15, 226/15 и 55/16) и член 50 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и поблиските критериуми во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри и водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити, како и начинот на издавање и одземање на лиценца за испитен центар, формата и содржината на образецот на лиценцата за испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ бр. 139/16). Право на учество на јавниот конкурс за избор на правни лица за добивање лиценца за испитни центри Куманово, Охрид, Тетово и Штип има секое правно лице кое ги исполнува условите за работа предвидени во член 244 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и  критериумите поблиску утврдени во членовите 46, 47, 48 и 49 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и поблиските критериуми во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри, водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити и за формата и содржината на лиценцата за испитен центар.Повеќе информации за условите на распишаниот јавен конкурс на веб сајтот на Министерството за внатрешни работи mvr.gov.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани