Охрид има најсовремен центар за лицата со попреченост

Охрид  има современ центар за лицата со попреченост. Во топол, пријатен и безбеден амбиент во просториите во старата касарна функционира дневен центар, логопедски кабинет,  дефектолошки кабинет, соба за релаксација, соба за изолација и физикална терапија со најсовремена апаратура и помагала.

Центарот за дневен престој на лица со попреченост и индивидуални третмани е лиценциран давател на услуги, индивидуални третмани и користење на дневен центар.

Третманите се спроведуваат од страна на специјален едукатор и рехабилитатор логопед

А  се финансирани од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

-Можете да видите, имаме многу квалитетна опрема која што ние набавивме како донација од Англија.  Тоа се исклучително добри вертикализатори, одалки, имаме трицикли, столчина за позиционирање на децата.  Тоа е една опрема која е многу значајна за овие деца. Кога мојата ќерка беше мала, наввистина посакував да ја имам,  за жал тогаш не беше можно, меѓутоа сега е возможно за останатите деца, кои ги охрабрувам да ги доведат родителите , ке добијат тука многу грижа нега и што е исклучително битно, ке им се посвети внимање, исто така ке добијат и индивидуални вежби, третмани, имаме вработено дефектолог, логопети и психолог , вели Весна Габелоска од здружението ВОПС.

За децата и  нивните потреби се грижат стручни негователи, според правилникот на 6 деца едно стручно лице и 1 неговател. Услугите за родителите се комплетно бесплатни.

-Моментално имаме околу 18 корисници, затоа што дневниот центар нуди две услуги, дневен престој и индивидуални третмани.  Некои деца доаѓаат само на индивидуални третмани, а некои деца доаѓаат во дневниот престој. За да ги издигниме услугите на повисоко ниво, сакако тоа е поврзано со финансии, а за да имаме финансии, Министерството финансира по корисник, затоа треба да го зголемиме и бројот на деца.  Општината ни донираше и комбе со рампа, така што и превозот на некој начин, родителите не треба воопшто да се грижат, детето ќе биде земено, донесено, тука ќе се работи со него, денот да му биде исполнат со активности, и исто така да добијат сè што му е потребно од страна на вежби, социјализација, едукација, додава Габелоска.

Единствено што треба да направат родителите на лица со попреченост е да аплицираат во МКФ,  Комисијата за функционална проценка, и од каде добиваат препораки кои услуги децата можат да ги користат и со таа препорака се оди во Центар за социјална работа и тие издаваат решение, а потоа детето може бесплатно а ги користи услигите во центарот Радост во Охрид.

ФОТОГАЛЕРИЈА

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани