Охрид ќе добие брод амбуланта во рамки на прекуграничен проект финансиран од ЕУ

Планинската спасителна служба  во Охрид добива брод амбуланта. Станува збор за современо и опремено пловило кое ќе патролира во водите на езерото и ќе ја зголеми безбедноста на локалното население и големиот број посетители .

Ова е една од активностите во проектите кои денес ги потпишаа министерството  за локална самоуправа и општините во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка на земјава и Албанија. Проектот кој ке го реализира општина Охрид е насловен „Волонтери во акција за безбедност на граѓаните и заштита на природата“.

– Ппрограмата е насочена кон два точни приоритети, од кој едниот е заштитата на животната средина и подигнување на отпорността на регионот  преко јакнење на капацитетите за справување со ризици  одговорно управување  со природните и ресурси и  унапредена заштита на заштитените подрачја, вели министерот за локална самоуправа Златко Перински.

-Овие видови проекти за кои дискутираме денес се оние кои ќе промовираат не само пријателство  туку ќе ви помогнат во интеграцијата во ЕУ.  Значи, имаме долга историја на соработка преку границите, како што реков,  заеднички економски предизвици, заштита на животната среидна и социјална инклузија, изјави амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас,

Во  НП Галичица ќе се воспостават еко патроли, а Крушево и Елбасан ќе  развуваат одржлив туризам.

-Исто така, од особено значење се и активностите поврзани со националниот парк Галичица  каде што ќе се воспостават нови еко патролни тимови,  кои ќе помогнат во спречување на негалните активности, шумски пожари и несреќи, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

– Програмата овозложува пристап  до експертиза и партнерства стратешки инвестиции насочени кон туризмот,  инФраструктурата и заштитата на животната средина, Зголемување на социалната кохезија и  поттинување на регионалниот развој, рече Нико Чонески, градоначалник на Општина Крушево.

Проектите  ижаат за цел да промовираат одржлив регионален развој и безбедност на заедницата,а  вкупната сума е повеќе од 1,6 милиони евра.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани