Охрид ќе го добие најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа

Во склоп на поранешната касарна, ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа, информира денес градоначалникот Кирил Пецаков.

-Согласно проектот е предвидено да се изградат два типа, односно едниот за деца од училишна возраст, а другиот за возрасни лица. Таму веќе се одвиваат подготвителните работи, по што следува поставување на реквизитите. Паркот е направен според ЕУ стандардот EN 15567 (15567‐1 и 15567‐2) и ќе користи еден од најбезбедните системи за ваков тип на активности. Безбедноста во паркот e на високо ниво и уживањето на корисниците на рекреативниот авантуристички парк е големо и најважно неговата изградба нема никакво негативно влијание врз животната средина и дрвјата, истакна Пецаков.

Главната цел на проектот е подобрување и проширување на туристичката и спортска понуда, со цел привлекување на странски и домашни посетители и групи, нудејќи им единствено катче за спорт, рекреација и дружење. Тоа значи нова активност на свеж воздух, со ново искуство за посетителот.

 

Social profiles