Охрид е најпродаваната еднодневна ексурзија во соседна Албанија. Се смета за најатрактивна дестинација за бројните странски гости кои летуваат на Јадранското и Јонското море. Туристите од Полска, Чешка, Романија и голем број други европски земји со некоку автобуси дневно го посетуваат градот под заштита на Унеско.
Во Албанија неделно има по 6 чартери од Чешка, или околу 1500 туристи, а од Полска речиси двојно повеќе. Секој втор букира посета на Охрид.
– Охрид е нашата најпродавана ексурзија. Секој втор турист сака да го посети Охрид. Им се допаѓа комбинацијата од убавиот град, историјата, многуте цркви, езрото, природата, вели Мартин Чука туристички водич од Чешка.
– Мислам дека е неверојатно место, премногу историја, премногу култура,убави споменици но и природа, езерото. 0225 Евтино е за нас да ја посетиме Албанија зависно од локацијата, последниве години цените растат околу Драч, но Балканот се уште е евтина дестинација за чешките гости, вели Тереза
-Доаѓаме на еден ден, дојдовме пред неколку часа. Искрено уживам во градот, многу е убаво, луѓето, храната. Во Албанија остануваме седум дена, вели турист од Полска.
Иако овие гости кратко се задржуваат тие имаат значаен туристички импакт. Плаќаат водич, влезници во музеи и цркви, ручек, купуваат сувенири, имаат прошетка со брод и го посетуваат манастирскиот комплекс Свети Наум.
-Почнуваат од Албанија да патуваат кај нас мислам дека треба да го искористиме секој момент, секој гостин да не го вратиме назад, да биде задоволен и да потроши повеќе пари кај нас, а и да вработиме луѓе. Да се полни рестораните, дуќаните се што можеме е добро. За жал немаме многу туристи кои тука остануваат, повеќето доаѓаат транзитно но и тоа да го искористиме, вели Ристе Голабоски туристички водич.
Албанија станува се попривлечна дестинација за европските туристи, а главниот туристички центар во земјава има бенефит поради близината. Според странските водичи, треба да се работи на подобрување на патната инфраструктура од македонска страна со што ќе се скрати и олесни патувањето, но и ќе се зголеми бројот на туристи. км
Новинар Соња Рилковска
