Охрид не запира. Забавата продолжува и вечерва. На третата новогодишна ноќ на градскиот плоштад ќе настапат „Суперхикс“, „Дџ Славе Келешоски“ и „Балкан џем“.
Кулминација на Бижиќ. Црногорската супер ѕвезда Сергеј Четковиќ на Божиќ ќе одржи спектакуларен концерт во Охрид во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.
„Погледи у тами“, Пола мога свијета“, „Ако те није“, „Само ме загрли“ и сите други големи хитови на неповторливиот шармер во живо за охриѓани и гостите.
Како загревање на атмосферата и гаранција за незаборавна вечер, со своите најголеми хитови ќе се претстави и нашиот Ѓоко Танески и DJ Regie Rules.
Забавата во Охрид годинава ќе трае до Водици.