Охрид се „спаси“, нема да биде впишан на листата загрозено светско наследство.
Градот доби нови осум месеци за да ги исполни сите 19 препораки, кои реактивната мисија ги даде уште пред две години. До 1 ви февруари приоритет треба да му биде рушењето на сите дивоградби, прогласување мораториум, ревитализацијата на колекторскиот систем но и изработката на планот за целосна заштита на сливното подрачје.
Откако ќе заврши новиот рок, треба да биде испратен извештај до УНЕСКО што ќе покаже колку и што од забелешките се спроведени. Тоа ќе се разгледува идното лето, на состанокот во Кина.
Охрид оваа година наполни 40 години под капа на Унеско.