Охрид поразен на стартот од Втората АБА лига

Кошаркарите на АВ Охрид со пораз го почнаа натпреварувањето во Втората АБА лига.

Кошаркарите на АВ Охрид вечерва пред своите навивачи загубија убедливо од Борац Чачак со 82:62 (21:14; 20:19; 20:18; 21:11). Гостите од Србија ги добија сите четири периоди и заслужено стигнаа до триумфот.
Најефикасни на натпреварот беа Американецот во редовите на Охрид Реми Бери и Марко Стојадиновиќ кај Борац, кои постигнаа по 21 поен.
Резултати на натпреварите од 1.коло: Босна Ројал – Вршац 77:84, АВ Охрид – Борац 62:82, Крка – Ловќен 89:76, Теодо – Рогашка 78:69 и Сплит – Зрињски 90:76.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани