Овој продолжен викенд Охрид преполн со туристи како среде лето.
Најбројни гостите од земјава и соседството Гција, Бугарија и Албанија но ги има и туристи од подалечните земји. Необичното топлото време во месец октомври со температури од 22 степени е основната причина за зголемениот број на посетители. Топлото октомвриско сонце привлече голем број и капачи кои се разладуваа во студените езерски води

Фотографијата на хроничарот Владо Жура е направена утрово во 8 часот. Полно гости уживаат во топлото време пиејќи кафе на градското пристаниште.
