Во склоп на манифестацијата „Од 20 до 20 – Сите во Охрид“ на 17 јануари во градот ќе се организира првата трка на келнери од најдобрите кафе барови, ресторани и хотели.
После Трката на келнерите, следува Изложбата на отворено на најубави фотографии од Охрид, Фестивалот на графити и модерна уметност…
После синоќешната прослава на Православна Нова година со групата Љубојна, следува последниот концерт во рамките на зимските празнувања , тоа е на празникот Богојавление Водици битолската група Фолтин.
– „ Идејата ни беше да изградиме една манифестација која што ке носи сопствен печат и традиционално ќе се одржува во наредните години ќе се надоградува секоја година а ќе трае цел месец од 20 декември до 20 јануари и ги опфаќа сите оние празници кои ги споменавме“, вели Јован Стојаноски градоначалник на општина Охрид.
Со секојдневна анимација, концерти, трка со Дедо Мразовци, фестивал на вино и сирење, фестивал на палачинки и пица, фестивал на графити и модерна уметност, баскер фест , претстави и изложби Охрид годинава се обиде да ги задржи гостите во текот зимската сезона.
