Стотици граѓани синоќа уживаа во прекрасниот концерт на групата Љубојна на грдаксиот плоштда во Охрид.
„Излегу да се мамо рашета“, „Твојте очи Лено“ и многу други големи хитови, испеани од грлото на Вера Милошеска синоќа направија Охрид да доживее уште една вечер за паметење со настапот на групата Љубојна. Еден од најоригиналните домашни музички состави настапи на Градскиот плоштад како дел од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ и прославата на празникот Стара Нова година – Василица. “.
Охриѓани, но и гостите кои ги имаше во голем број во регионот и поради Карневалот во Вевчани од вчера и денешниот во Куратица, уште еднаш покажаа дека се „гладни“ за вакви настани и ги охрабруваат организаторите да продолжат со новиот концепт на прослава на Нова година и сите празници во овој период од годината во Охрид кој се покажа како полн погодок. Сите манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во обид за максимално продолжување на туристичката сезона насловен како „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.