Охрид слави 73 години од ослободувањето

Денеска Охрид ја прославува 73 годишнината од своето ослободување.

Охрид за време на Втората светска војна се наоѓал под бугарска окупација. Партизанските единици го ослободиле градот на 15 октомври 1944 година, но за кратко време, бидејќи под притисок на германските сили тие се повлекле. По борбите меѓу партизаните и германските сили ноќта меѓу 7 и 8 ноември градот е ослободен.На олтарот на слободата на нашиот град останаа на вечна стража 40-тина храбри борци а повеќе од шеесеттина борци беа ранети. Кон нивното дело, сите ние, треба да се однесуваме со почит и респект. Нивните животи згаснаа во борбите за ослободување на Охрид што партизанските одреди ги водеа со фашистичкиот окупатор на 7-ми Ноември 1944 година.Денеска, Охрид со низа свеченостите Охрид ќе ја одбележи 73-годишнината од ослободувањето од фашизмот. Свечените манифестации започнат утрово со полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците од НОВ.Напладне ќе биде одржана свечената културно-уметничка програма што ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид. Во 13 часот свечено ќе биде пуштен во употреба реновираниот објект „Развигорче“ на Детската градинка „Јасна Ристеска“ а со пригодна приредба во спортската сала „Биљјанини извори“ ќе го одбележи својот патронен празник.  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани