Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.7% и изнесува 5 866 живородени деца.
Во Охрид биле родени 78 а починати 101 лице што значи негативен прираст од – 23, додека во Струга родени 131 а починати 126 што значи позитивен прираст од 5. Вевчани родени 8 а починати седум, односно позитивн прираст од 1. Дебарца родени пет, а мртви 15 што значи негативен прираст од -10.
Најголем природен прираст во земјава има во Скопје – 610, веднаш по него Тетово со позитивен прираст од 189, па Чаир со 154, а најмал во Битола негативен прираст од -74, потоа Прилеп со -36, а трет Охрид со -23.
Бројот на умрените лица, во третото тримесечје од 2017 година, бележи зголемување од 3.4% во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4 823 лицa, а од нив 64 се умрени доенчиња. Природниот прираст изнесува 1 043 лица, што значи бројот на живородените деца е поголем за толку лица од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината бележи зголемување за 8.2% во споредба со истиот период од 2016 година и изнесува 4 670 бракови. Во ова тримесечје од 2017 година се регистрирани 399 разведени бракови, што претставува зголемување од 27.1% во споредба со истиот период од 2016 година.
