Охрид изминатите во знакот на Свети Климент Охридски и богатото духовно и книжевно наследство на градот, со два културни настани посветени на 1110 години од упокојувањето на светецот и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа.

Вчеравечер, во свечена атмосфера, се одржа музичката вечер „Деца сме на Климента“, исполнета со музика, духовност и култура. Преку музичките изведби беше оддадено почит на делото на Свети Климент Охридски и неговото значење за македонската духовна и културна традиција.

Во рамките на одбележувањето, во Охрид беше промовирана и книгата „Охридска книжевна школа“ од проф. д-р Димитар Пандев, во издание на Општина Охрид, со уредник Митре Велјаноски.

За значењето и содржината на книгата говореа промоторите м-р Перчо Божиновски и проф. д-р Бобан Карапејовски.
Настанот беше збогатен со изведбата на монологот „Деца сме на Климента“ од актерот Владо Дојчиноски, како и со настапот на детскиот црковен хор „Плаошник“.

Преку музиката, книжевноста и сценскиот израз, Охрид уште еднаш го потврди своето место како центар на духовното и културното наследство поврзано со Свети Климент и Охридската книжевна школа.

