Охридската болница доби апарат за мерење на масното ткиво

Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид доби вредна донација – апарат Body composition analyzer Inbody 270.
На одделението за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа Болница Охрид беше дониран апарат Body composition analyzer Inbody 270, кој се користи во Центрите за обезност во нашата држава и е наменет за мерење, анализа и следење на процентот и видот на масното ткиво , процентот на мускулна маса и количината на вода, пред се кај пациенти со обезност.
Апаратот исто така дава прецизни податоци за телесната тежина, индексот на телесна маса, прави проценка на здравствените ризици и овозможува нивно следење во одредени временски интервали.
Со ова се овозможува Центарот за дијабет воедно да функционира и како Центар за обезност при што овој апарат значајно ќе придонесе за квалитетот на третманот на пациентите.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани