Охридската болница се екипира пред туристичката сезона

Охридската болницата се екипира пред стартот на  туристичка сезона,  кога има двојно повеќе работа. Се решава проблемот со  недостиг  на лекари.. Се вработуваат седум доктори  специјализанти од охридско струшкиот регион.

Анестезиолог, радиолог, инфектолог, педијатар  и двајца гинеколози, треба да  придонесат за поефикасни услуги за пациентите.

-„Претходната недела звврши конкурсот чекаме нивно тестирање со што за нецели две недели – во оваа установа ке се вработат седум специјализанти од различен тек на едукација во однос на специјализацијата. Исто така се екипираме за летната сезона и со ангажирање на доктори специјалисти и од околните болници со цел да ги дочекаме туристите со полна снага“, вели д-р Горан Маркоски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Набавена е и  нова медицинска опрема на одделението за патологија и одделот за офтолмологија. Со тоа  ќе се намалат трошоците на пациентите за патување во други градови.

-„Со оваа опрема нашето одделние за патолошка анатомија влегува во полна снага односно ке ги сервисира препаратите како од нашата здравствена установа така и од околните  затоа што од ваков тип на лабараторија единствена е во Југозападниот регион ке вршиме сервисирање на материјали како од државните така и од приватните институции во регионот“, вели д-р Маркоски.

Започна и етапно реновирање на охридската болница. Согласно годишниот план за годинава ќе се изведуваат градежни активности  онаму каде што има стари прозорци и врати како и дотраен кров. Прво се реновираше Интерното одделение.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани