Гинеколошкото одделение при охридската болница доби нов ултразвучен апарат. Нов ултразвук за дијагностика доби и одделот за радиологија. Станува збор за современи апарати од последната генерација на технологијата, кои што значително ке придонесат за зголемување на квалитетот на ранта а диагностика, рана превенција и на ран третман. пред се кај акушерски случаи, исто така и кај гинеколошки случаи.
Современите апарати се во вредност од 7 милиони денари.
-Средствата се обезбедени од буджетот на болницата, кој што се обезбедени од страна на Фондот за Здраство на Р. Македонија. Инаку, станува збор за опрема која добиваме после 15 години, претходното ехо беше о толку годишен век. Исклучително сме среќни ние како колектив и јас исто како гинеколог, што оваа апаратура ќе донесе до многу подобра диагностика и третман за пациентки како од градот, така и од целиот регион кој што тука во ова оделение се сервисираат како пациенти, истакна д-р Горан Маркоски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.
Јавните здравствени установи во охридско струшкиот регион се најдобрите во државата надвор одглавниот град, констатира директорот на Фондот. Кој кажа дека за задржување и мкотивирање на лекарите специјалисти во јавното здравсѕтво потребни се силни инвестиции во опрема.
-Да овозможиме и подобра инфраструктура во опрема, бидејќи за да се докторите во овие краишта, не е доволни само платите да се зголемуваат, туку мора да имат и соодветни услови за работа, бидејќи секој еден сака стручно и професионално да напредува и да оди понатаму, изјави Сашо Кленковски директор на Фонд за здравство.
Претходно во охридската болница беше набавен хируршки инструментариум за цел хируршки блок, нов ОЦТ апарат за оделението за офталмологија, и целосно новоопремена патолошка лабораторија. Болница има доволно кадар и опрема да одговори на пповеќекратно зголемениот обем на работа во текот на туристичката сезона.




