Охридската медовина во фокусот на петтото издание на „Вкуси го Охрид локално“

Охридската медовина ќе биде во центарот на петтото издание на манифестацијата „Вкуси го Охрид локално“, која ќе се одржи на 15 август на Долна Порта во Охрид.

Под мотото „Од цветот до чашата“, настанот има за цел да ја претстави приказната за охридскиот мед и медовината, како традиционален пијалак и дел од локалната гастрономска традиција.

Посетителите ќе имаат можност да дегустираат охридска медовина, да вкусат локални производи и традиционални залчиња, но и да се запознаат со процесот на создавање на медот – од пчеларникот до чашата.

Организаторите најавуваат и музика, дружење и атмосфера посветена на локалните вкусови и производи, со акцент на нивното зачувување и промоција.

Настанот „Вкуси го Охрид локално – Vol. 5 | Охридска медовина“ ќе започне во 19 часот.

Манифестацијата е поддржана од Општина Охрид, Slow Food Macedonia и ФТУ Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани