Охридски џип опожарен во Скопје

Џип со охридски таблици бил опожарен рано утрово во Скопје.

Според полициското соопштение,на 26.03.2018 година во 05.18 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека на ул. „Мирослав Крлежа“ имало опожарено патничко возило „Ренџ Ровер“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Охрид. Од пожарот биле зафатени и делумно оштетени уште две патнички возила – „Опел Инсигниа“ и „Тојота Јарис“ и двете со скопски регистарски ознаки. Околу 05.10 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и расчистување на случајот.

Social profiles