Охридскиот регион во фокусот на УНЕСКО: Урбанизмот и одржливоста клучни теми во Париз

Во рамки на работната посета во Париз, градоначалникот на Струга, Менди Ќура, оствари средба со Ернесто Отоне, помошник генерален директор на УНЕСКО за култура, како и со највисоки претставници на организацијата.

На состанокот присуствуваа и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и други претставници на Владата на Република Северна Македонија, со што беше потврдена заедничката институционална посветеност кон заштитата на Охридскиот регион.

На средбата се разговараше за заштитата на Охридскиот регион како заеднички интерес и заедничка одговорност на сите засегнати страни, при што беше нагласено дека станува збор за исклучително природно и културно богатство што мора да се зачува за идните генерации.

„Регионот претставува исклучително природно и културно богатство, кое мора да се зачува и заштити за идните генерации“, било истакнато на состанокот.

Соговорниците се согласиле дека предизвици постоеле и ќе постојат и во иднина, но дека преку партнерство, дијалог и координиран пристап можат да се надминат. Посебен акцент бил ставен на прашањата поврзани со урбанизмот во Охридскиот регион, како еден од клучните аспекти за неговиот одржлив развој.

Во таа насока било потенцирано дека соработката меѓу Струга и Охрид е од суштинско значење, имајќи предвид дека станува збор за заедничко природно и културно наследство кое ги надминува административните граници.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани