Охридските сортни вина претставени во „Винодонија“

Охридските вина беа преставени на Винскиот салон во Скопје, „Винодонија“, каде посетителите имале можност да присуствуваат на едно комплетно ново доживување на поимот вино.

 

Сe преставиле вкупно 40 винарии од земјава и од странство а посетителите со самата влезница можеле да дегустираат две- три стотини вина.

-„Задоволство ми е што едно од моите вина Амфора, тоа е памидот изработен во глинени амфори по методот од античко време беше хит и изненадување на винскиот салон и немаше вински стручњак кој не дојде да го дегустира тоа вино, вели Соколовиќ. Во винскиот салон дегустатори имало од сите винарии во државава, но и од Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија. Тие биле воодушевени од различните вкусови и мириси на вината кои биле презентирани. Македонија многу високо котира според квалитетот на виното, но многу ниско котира во презентацијата и продажбата на вината споредувајќи со околните земји кои имаат многу послаб квалитет и многу помала количина на произведено вино, вели Будимир Соколовиќ од винарија „Мал Свети Климент“ во изјава за регионалната ТВМ телевизија. 

Фотографија на Француски институт во Скопје  -  Institut français de Skopje.

Според Соколовиќ во Охрид  треба да се организира еден настан каде ќе можат да се претстават охридските вина, но да биде така осмислен што ќе е за луѓе кои навистина имаат познавање што е квалитетно вино. Да е во убав простор во кој ќе бидат изложени најразлични вина и каде посетителите ќе добијат соодветна чаша во која ќе можат да дегустираат.

-„Ваков настан би било најдобро да се направи околу празникот Богојавление- Водици кога во градот има многу туристи кои ќе уживаат во една интересна туристичка понуда“, вели Соколовиќ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани