Охриѓани се запознаа со активните мерки и програми за вработување. Годинава, за реализација на Оперативниот план издвоени се 40 милиони евра, а фокусот е на невработените до 29-годишна возраст. Планот опфаќа седум мерки и подмерки, меѓу кои најголем интерес традиционално предизвикува мерката за самовработување.
-Тоа значи дека целта на Владата и на Министерството за економија и труд, преку Агенцијата за вработување, не е само да ги дадеме овие пари, туку навистина да им помогнеме на луѓето да отворат бизниси, да ги мониторираат и да ги развиваат.Не само две години, колку што е предвидено да опстојат тие бизниси, туку да бидат одржливи и во иднина, а понатаму, развивајќи се како компании, да можат да ги користат и другите мерки, истакна Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд.

Интересот за мерките е голем, за самовработување, заклучно со крајот на минатата недела, поднесени се над 2.800 апликации.
-Апликациите се од најразлични дејности.Што се однесува до дејностите, можност за аплицирање има секое невработено лице, активен барател на работа, со завршено минимум средно образование, кое има сопствена бизнис-идеја и сака да основа сопствен бизнис, истакна Весна Пешова – заменик директор на Агенцијата за вработување.
– Се надевам дека ќе ги одвратат младите од заминување во странство да ја напуштат оваа држава сепак вреди да си дома, дома си е дома, вели Благој Христов апликант од Охрид.
Право на аплицирање имаат — млади, долгорочно невработени, ранливи категории, како и лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис Лани оперативниот план го искористиле 12 000 лица, годинава се очекува тој број да биде надминат.
Новинар Соња Рилковска
