27 годишен охриѓанец ја извадил мајка му од куќата и ја запалил.
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ч.(27) од Охрид, за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”.
-Настанот е случен на 31 јули околу 10,30 часот во Охрид. Во семејниот дом, пријавениот ја изнел својата мајка надвор од куќата, а потоа влегол внатре, се заклучил и предизвикал пожар во една од просториите. Откако неговата мајка побарала помош, соседите насилно ја отвориле влезната врата од куќата, по што пријавениот се дал во бегство, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
