Охриѓанец при кавга со сограѓанин со пушка пукал во воздух.
На 22.04.2022 година околу 21.30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Ј.Ц.(44) од Охрид, кој на улицата „130“ во Охрид, при караница со Б.М.(31) во воздух, пукал со пушка марка „Хадсан“, за која имал дозвола. При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом, пушката заедно со една испукана чаура ,,Sellier-Bellot“ се одземени и предадени на вештачење. Тој е приведен и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.