Охриѓанец се заканувал со убиство на странски амбасадор

Кривична пријава за охриѓанец кој телефонски се заканувал дека ќе изврши убиство врз странски амбасадор во Македонија.

 

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Р. Б., со живеалиште во село во охридско, поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста.

Како што информираат од МВР, полицијата постапила по пријава од 14-ти овој месец, според која едно лице телефонски упатило закани за животот на амбасадорот во странска амбасада во земјата.

Биле преземени мерки и активности, при што бил утврден идентитетот на лицето. Тоа е најдено и приведено, а во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, поднесена е кривична пријава.

Social profiles