23 годишен охриѓанец, физички нападнал возач на „Форд Фокус“ и со ноѕе го оштетил автомобилот.Тој заработил кривична пријава.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело,насилство “, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23 момче од Охрид.Пријавениот, казненото дело го сторил на 22 минатиот месец во 23 часот и 40 минути на булевар „Туристичка” во Охрид. Тој, со употреба на звучни сигнали успеал да сопре патнички автомобил марка „Форд Фокус“ со охридски регистарски таблици управувано од М.У. од Охрид. Пријавениот, со раце и ноѕе започнал да удира по каросеријата од возилото а потоа го скршил стаклото од задната шофершајбна. Во момент на силна агресивност, пријавениот О.М. ја отворил предната лева врата од возилото и физички го нападнал возачот М.У. удирајќи го со тупаници во пределот на главата и стомакот.